Властите во Чиле во понеделник соопштија дека заплениле повеќе од 100 тони дрога скриена во пратки дрва наменети за Европа, што е, како што ја нарекоа, рекордна заплена за јужноамериканската земја.
– Благодарение на заедничката работа на обвинителството, поморската полиција и царината, запленети се 1.080 тони дрво измешано со различни видови дрога, што претставува историски удар врз организираниот криминал во нашата земја – се вели во соопштението на царинската служба.
Дрогата пронајдена во дрвото главно содржела кокаин и кетамин, а нејзината проценета малопродажна вредност на европскиот пазар е околу 8,3 милијарди долари, се додава во соопштението.
По шестмесечна истрага, властите идентификувале 45 контејнери кои пристигнале од Боливија и содржеле контаминирано дрво.
Царинските службеници наведуваат дека доколку пратката стигнела до своите крајни дестинации, дрогата ќе морала да се одвои со „напредни хемиски процеси“ во специјализирани лаборатории.
Вкупната заплена би можела да биде уште поголема бидејќи уште сомнителни контејнери се проверуваат дополнително.
CHILE
🇨🇱 Breaking – Chile Uncovers 108 Tonnes of Drugs Concealed in Wood Shipments Destined for 14 Countries
June 9,2026
Chilean authorities announced the largest drug seizure in the country’s history, uncovering 108 tonnes of #narcotics concealed inside timber shipments… pic.twitter.com/OjJIWS7ix4
— Sid (@Trending_Sid) June 9, 2026

