Куманово ќе биде домаќин на 6. Меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“

Сподели со своите пријатели

На Градскиот плоштад во Куманово од 11 до 13 јуни ќе се одржи Шестиот меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“, кој ќе собере млади боксери од 15 држави.

На турнирот учество ќе земат натпреварувачи од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Австрија, Белгија, Германија, Италија, Романија, Бугарија, Казахстан, Турција, Молдавија и Унгарија.

Организаторите посочуваат дека станува збор за еден од позначајните меѓународни спортски настани во градот, чија цел е промоција на боксот, спортскиот дух, меѓународната соработка и пријателството меѓу младите спортисти.

 

 

Организатори на турнирот се Боксерскиот клуб Куманово-84 и Националната боксерска федерација на Македонија, а настанот се реализира под покровителство на Општина Куманово и Министерството за спорт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во голема акција во Куманово, МВР вчера напиша 70 казни на мотоциклисти (ФОТО)

Се очекува турнирот и оваа година да привлече голем број љубители на боксот и да понуди квалитетни борби меѓу перспективни млади спортисти од Европа и пошироко.

Никола Ивановски