Мал авион се урна на сред пат на популарните Канарски острови веднаш по полетувањето.
Туристите во паника трчале по безбедност додека авионот летал право кон нив.
Авионската несреќа се случила во четвртокот попладне за време на обуката за летање на авијациската школа од јужниот дел на Тенерифе.
Пилотот се обидел принудно да слета, но авионот се урнал со голема брзина.
Според локалните медиуми, авионот се урнал пред теренот за голф удирајќи во столб и неколку палми.
Ударот сериозно го оштетил леталото, а делови од леталото биле расфрлани околу кружниот тек.
Туристите трчаа за своите животи
Фотографиите и видеата од местото на падот на авионот покажуваат дека му се откорнати крилата и оштетен носот.
Трупот е на средината на патот.
„Моравме да трчаме за да го избегнеме авионот кога удри во столб и некои дрвја, запирајќи пред да стигне до нас. Не сакам ни да замислам што ќе се случеше инаку“, изјави турист од Нортхемптон, Англија за шпанскиот весник „Канаријан викли“.
Двајца пилоти (на возраст од 20 и 50 години) успеале сами да избегаат од урнатините. Тие превентивно се префрлени во болница.
Чудо е што никој не е сериозно повреден. Сите учесници поминаа без повреди.
Причината зошто авионот западнал во неволја не е јасна.
Истрагата за причините за несреќата е во тек.
Una avioneta realizaba este jueves un aterrizaje de emergencia en plena vía pública en San Miguel de Abona
Los dos pilotos salieron por su propio pie del aparato
➡️https://t.co/70WTvA1fr7 pic.twitter.com/WqU9BYOOes— RTVC (@RTVCes) June 5, 2026

