Хорор во Бразил: Ајкула откина нога на девојка, минувачите ја спасуваа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ужасни сцени доаѓаат од брегот на Бразил, каде што се случија два сериозни напади од ајкули за само два дена.

Прво, 11-годишно момче ја изгуби ногата, а веќе следниот ден, слична трагедија ја снајде 19-годишната Марсела Виторија де Лима Сантос.

Девојката беше нападната во понеделник на плажата Боа Вијагем во Ресифе, каде што, според локалните медиуми, беше нападната од тигреста ајкула.

​​Во нападот ја изгуби десната нога.

Снимката што се појави ги прикажува драматичните моменти од спасувањето додека пливачите ја извлекуваат тешко повредената девојка од морето.

На плажата ѝ помогнал лекар кој случајно бил таму надвор од должност.

За да го запре обилното крварење, тој ставил турникет врз раната, што се покажало како клучно за нејзиниот опстанок додека не пристигнала брзата помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сценa како од хорор филм: Жена падна во шахта на сред улица и исчезна (ВИДЕО)

Ја извлекол од морето нејзиниот братучед Јонас Андре де Лима откако ногата ѝ била речиси целосно откината од ајкула.

Потоа Марсела била префрлена во болница каде што лекарите морале да ѝ ја ампутираат ногата во пределот на бутот.

Според директорот на болницата Петрус де Андраде Лима, таа изгубила голема количина крв.

– Постои уште еден проблем со кој се соочуваат сите пациенти кои претрпеле каснување од животно, а тоа е ризикот од инфекција – додаде тој.

Директорот особено ја нагласи важноста на брзата реакција на лекарите на плажа.

– За пациентите кои имаат толку обилно крварење што постои непосредна опасност по животот, мора веднаш да реагираме, а во случај на екстремитети, особено ампутирани како нејзините, турникет спасува животи.

Нејзината братучетка ги опиша драматичните моменти од спасувањето.

– Влегов во водата затоа што струјата ја влечеше и таа губеше сила. Ја зграпчив за рака и ја вратив назад, влечејќи ја пливајќи кон брегот, а луѓето ми дојдоа на помош. Таа беше сериозно повредена и веќе ја беше изгубила ногата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма во Калифорнија: Маж се забарикадира во зграда по закана со бомба и зеде заложници

Нападот врз Марсело се случи само еден ден откако ајкула сериозно повреди 11-годишно момче на плажата Пиедаде, само десет минути од местото на вториот инцидент.

Момчето беше нападнато од ајкула во недела попладне.

Тој претрпе тешки повреди на левата рака, колк и нога, а во нападот ја изгуби и левата нога.

Во времето на нападот, тој беше на плажа со својот чичко Алдемир Хозе и уште две деца.

Видливо потресен, чичкото се присети на моментите што следеа.

– Сите бевме во морето пред нападот, а јас само излегов од водата и ги оставив децата. Потоа слушнав чуден звук, а кога се свртев, се што видов беше крв. Не размислував ни секунда и истрчав во водата за да го извлечам внукот. Тој беше свесен и само ме молеше да не го оставам да умре.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекорд во Германија: Над 332.000 странци добија државјанство, најмногу Сиријци

За да му помогне на момчето, неговото училиште ги покани учениците и родителите да донираат крв.

Областа Ресифе е позната со децении како едно од најопасните места кога станува збор за напади од ајкули.

Во последните 34 години, таму се регистрирани вкупно 84 напади, а 27 лица ги загубија животите.