Италија беше погодена од земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот беше на отворено море покрај брегот на Калабрија на југот од земјата, на длабочина од 240 километри.
Земјотресот, кој ја погоди Италија, беше почувствуван во Неапол и неколку општини во областа на Везув, особено во областите што граничат со Калабрија, но и во Апулија и Сицилија.
На некои места, жителите излегоа на улиците и почнаа да се јавуваат во регионалната Цивилна заштита и противпожарната служба, првенствено за информации, вели Анса.
Регионалната оперативна станица на Цивилната заштита почна да контактира со сите градоначалници во областите најблиску до епицентарот, но не се пријавени штети.
Според очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот беше почувствуван и во Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Грција.

