Генералното собрание на ОН денес избира претседател, двајца кандидати во трка

Сподели со своите пријатели

Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) денес ќе го избере претседателот на 81-та сесија со гласање за еден од двајцата кандидати – амбасадорот на Кипар во ОН Андрес Какурис или министерот за надворешни работи на Бангладеш Халилур Рахман, беше објавено на веб-страницата на светската организација.

Според регионалниот систем на ротација, претседателот на Генералното собрание на ОН оваа година се избира од групата земји од Азиско-пацифичкиот регион.

Калилур Рахман, актуелниот министер за надворешни работи на Бангладеш и искусен дипломат, се смета за кандидат кој има силна поддршка од дел од азиско-пацифичките држави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Тажен рекорд“: Германците сè посиромашни

Неговиот пристап нагласува мултилатерализам, зајакнување на улогата на ОН во решавањето на конфликти и поголема улога за земјите од Глобалниот Југ.

Андреас Какурис, амбасадор на Кипар во Обединетите нации, долгогодишен дипломат со искуство во евро-медитеранските прашања.

Неговата кампања се фокусира на реформирање на работата на ОН, поефикасно донесување одлуки и зајакнување на улогата на Генералното собрание во однос на Советот за безбедност.

Секоја година, Генералното собрание на ОН избира нов претседател од една од петте регионални групи – Африка, Азиско-пацифичкиот регион, Источна Европа, Латинска Америка и Карибите, Западна Европа и други земји.

Тоа е претежно церемонијална функција, но важна за дипломатската динамика на ОН, бидејќи претседателот ги води седниците, ја координира агендата и го претставува Собранието во меѓународни рамки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезнатa вработена во нуклеарна лабораторија во САД пронајдена мртва во шума

Новиот претседател формално ја презема функцијата во септември, кога истекува мандатот на сегашната претседателка Аналена Бербок.

Според медиумите, аналитичарите му даваат мала предност на кандидатот од Бангладеш, Халилур Рахман, бидејќи тој доаѓа од земја која традиционално игра активна улога во мировните мисии на ОН и има поширока поддршка во рамките на Азиско-пацифичката група.

Сепак, изборите остануваат отворени бидејќи Кипар има силна дипломатска мрежа во рамките на ЕУ и може да смета на поддршката од европските држави, а конечниот исход зависи од согласноста на земјите-членки непосредно пред гласањето, пренесува Бета.