Филипините наредија апсење на сенаторот Дела Роса

Сподели со своите пријатели

Филипинското Министерство за правда денес објави дека сенаторот Роналд дела Роса ќе биде уапсен, врз основа на потерница издадена од Меѓународниот кривичен суд (МКС), под сомнение дека е поврзан со операцијата против дрога што ја започна поранешниот претседател Родриго Дутерте.

Министерот за правда Фредерик Вида изјави дека на Филипинската национална полиција и Националното биро за истраги им е наредено да извршат потерница издадена од МКС за Дела Роса и дека тој ќе биде означен како „бегалец од правдата“, објави Синхуа.

Врховниот суд на Филипините вчера го отфрли барањето на Дела Роса за привремена забрана за апсење за да се спречат филипинските власти да го апсат врз основа на каква било потерница од Меѓународниот кривичен суд, објави Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе следува ли напад врз Куба? Американски суперносач пристигна на Карибите!

Адвокатот на Дела Роса вчера изјави дека ќе побара од Врховниот суд да ја преиспита својата одлука за одбивање на неговото барање и дека ќе ги исцрпи сите правни лекови.

На 11 мај, Меѓународниот кривичен суд ја откри потерницата по Дела Роса, која првично беше издадена како тајна во ноември 2025 година.