Силен земјотрес ја погоди Јапонија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот архипелаг Рјуку денес беше погоден од земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 50 километри и на 142 километри од Окинава.

Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Не е издадено предупредување за цунами.

Според изјавите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот траел долго време.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голема акција против дилери на дрога во Лион, мобилизирани 1.000 полицајци