НАТО авион собори украински дрон над Естонија

Сподели со своите пријатели

Воен авион на НАТО денеска во Естонија собори дрон за кој се верува дека е лансиран од Украина, изјави естонскиот министер за одбрана Хано Певкур.

Во интервју за порталот „Делфи њуз“, Певкур потсети дека ова е последно во серијата нарушувања на воздушниот простор во земјите кои граничат со Русија, пренесува Ројтерс.

Од март, неколку украински воени беспилотни летала залутаа во воздушниот простор на земјите-членки на НАТО – Финска, Латвија, Литванија и Естонија.

Сите овие земји се граничат со Русија, а латвиската влада поднесе оставка минатата недела поради нејзиното справување со слични ситуации.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Највисокиот воен командант на ЕУ: Украина сè уште е наш приоритет број еден

Никој од седиштето на НАТО сè уште не одговорил на барањето на Ројтерс за коментар.