Двајца лекари од Куманово ќе се гонат кривично под сомнение дека не констатирале насилна смрт кај две жрви на серискиот убиец од Старо Нагоричане.
– СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе и кривична пријава за сторено кривично дело „несовесно вршење на службата“ против мртвопроверителите М.С. и Д.Д. од „Општа болница“- Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информации на Кумановски Муабети, едниот лекар бил од кумановската болница, а вториот од Итната медицинска помош.
Лекарите официјално навеле дека две од четири убиени жени, починале од природна смрт и биле погребани без да им се изврши обдукција.
Откако беа ексхумирани нивните тела било утврдено дека причината за смрт била насилна, а за убиството се гони 26-годишниот Трајко Бојковски.
Од друга страна не била пронајдена одговорност кај полицајците, оти тие постапувале по тврдењата на лекарите.
Нему на терет му се ставаат вкупно четири убиства на и два обиди за убиство на повозрасни жени во неколку села од општината Старо Нагоричане.
Никола Ивановски

