4 убиства и два обиди извршил серискиот убиец од Старо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Четири убиства и две убиства во обид му се ставаат на товар на двасет и шестгоидшниот Трајко Бојковски од Драгоманце.

Официјално денеска се поднесени нови кривични пријави против истиот, а ако на суд се докажат Бојковски ќе стане првиот сериски убиец од овој регион.

– СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. (26) од  село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, за сторено кривично дело „убиство” поради основи на сомневање дека ги убил Ј.А. од село Драгоманце и С.К. од село Клечовце, како и поради сомневање за сторено кривично дело „обид за убиство“ врз С.А. и Р.Т., информираат од Министерството за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Модна ревија“ на учениците во „Перо Наков“ со порака за одржлива мода (ГАЛЕРИЈА)

По извршени проверки и ексхумација на телата на Ј.А. и С.К., утврдено е дека лицата починале од насилна смрт.

– Врз основа и на други сознанија и докази, било утврдено дека тој ги убил двете жени и во координација со ОЈО, против него е поднесена кривична пријава, велат од полицијата.

Претходно, СВР Куманово до ОЈО Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. за убиство и на М.С. и М.М., а по предлог на јавниот обвинител, од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор.

Никола Ивановски