Утре ќе се одржи 10. седница на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово утре (15 мај, петок) ќе ја одржи десеттата седница, која ќе започне во 10:00 часот во кружната сала на зградата на поранешен Комитет.

На дневниот ред се вкупно 13 точки, меѓу кои годишниот извештај за настани и манифестации на Фондацијата за култура и спорт „Куманово“ за 2025 година, измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2026 година, како и повеќе програми и планови од областа на комуналната инфраструктура, животната средина и развојот на општината.

Советниците ќе расправаат и за неколку предлог-одлуки поврзани со детални урбанистички планови, како и за предлог-одлука за исплата на еднократна парична помош од општинскиот буџет за 2026 година.

На седницата ќе се разгледува и предлог-програмата за изменување на програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање за учениците од основните и средните училишта во Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Александар Крстевски нов директор на Домот за стари лица „Зафир Сајто“

Целосниот дневен ред во продолжение:

1. Годишен Извештај за настани и манифестации на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2025 година;

2. Предлог – Решение за давање мислење на Oдлука за изменување и дополнување на Статутот на ООУ „Јероним Де Рада“ – Куманово;

3. Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта во Општина Куманово за 2026 година;

4. Предлог – План за одржување на јавните патишта во Општина Куманово за 2026;

5. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2026 година;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Модна ревија“ на учениците во „Перо Наков“ со порака за одржлива мода (ГАЛЕРИЈА)

6. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2026 година;

7. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активности од областа на заштита на животната средина и природата на Општина Куманово за 2026 година;

8. Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2026 година;

9. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Б. С. Гојчо“, дел од УБ 45, плански опфат помеѓу: ул. „Иго Тричковиќ“, ул. „Егејска Македонија“, пристапна улица, КП 20313, пешачка патека, ул. „Моша Пијаде“, КП 20297, ул. „3-та МУБ“, Општина Куманово ;

10. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 63, плански опфат помеѓу: ул.„1”, ул.„ЈНА“, ул.„2“, кп16793, ул.„3“ кп16369/2 – Општина Куманово;

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Александар Крстевски нов директор на Домот за стари лица „Зафир Сајто“

11. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ „11-ти Октомври“, дел од УБ 39, плански опфат помеѓу: ул.„Доне Божинов”, ул.„Октомвриска Револуција“ ул.„Братство Единство“, Општина Куманово;

12. Предлог – Одлука за исправка во Одлуката за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „1“ и дел од УБ 23-б, плански опфат помеѓу: граница на УЕ, регионален пат Р1204, ул.„3-та МУБ, граница на наменска зона по ГУП – Општина Куманово;

13. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2026 година.

Никола Ивановски