Вчеравечер околу 22,05 часот на регионалниот пат Куманово – Овче Поле поточно на мостот случена е сообраќајна незгода во која А.И. (20) од Свети Николе, управувајќи Моторцикл марка „Лингкен ЛК-125“ со светиниколски регистерски ознаки, изгубил контрола над истиот и удрил во сообраќајниот знак по што паднал на десната коловозна лента, а додека моторциклот излетал од патот во ендек од десната страна во правец на движење, информираат од Министерсвото за внатрешни работи.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.И. кој со возило на Јавна здравствена ординација – Свети Николе бил пренесен во Клинички центар – Скопје за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа увидна од Полициската станица од општа надлежност – Свети Николе.
Се работи на целосно расчистување на случајот.