27-годишна кумановка била следена од поранешниот партнер

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишна кумановка вчеравечер пријавила дека подолг временски период била следена од поранешниот партнер.

– На 06.05.2026 година во 20.00 часот во СВР Куманово 27 годишна жена од Куманово пријавила дека подолг временски период била следена од нејзиниот поранешен партнер С.А., информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на липковско пукал со огнено оружје при разминување со „мерцедес“