Силен земјотрес во близина на Крит

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со магнитуда од 5,7 степени е регистриран рано утрово во морското подрачје југоисточно од грчкиот остров Крит, објави Геодинамичкиот институт во Атина.

Досега нема извештаи за поголеми штети или повредени. Властите вршат проверки, објави грчката телевизија ERTNews.

Земјотресот бил почувствуван низ јужниот дел на Егејското Море и траел неколку секунди, велат жителите.

Според Геодинамичкиот институт, епицентарот на земјотресот бил околу 20 километри јужно од пристанишниот град Иерапетра, на длабочина од околу 10 километри под морското дно.

Крит се наоѓа северно од длабок тектонски расед каде што се среќаваат африканската и евроазиската плоча, поради што областа е склона кон чести земјотреси.