Спасувачка операција кај Крит: Најмалку 60 мигранти извлечени од морето

Сподели со своите пријатели

Најмалку 60 мигранти беа спасени од морето и тие беа безбедно однесени на копно, објавија денес грчките медиуми.

Мигрантите биле на брод во морската област јужно од Крит, 41 наутички милји од Калој Лименес, објавува Прототема.

Операцијата за спасување на мигрантите од морето ја спроведе Грчката крајбрежна служба за спасување, која потоа ги транспортираше до пристаништето.

Како што е наведено, се очекува да бидат спроведени пропишаните процедури за прием и регистрација.

Прототема додава дека мирното море и лесниот ветер придонеле за непречена операција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД го развиваат најскапиот воен брод досега: Гигант од 35.000 тони, би можел да чини дури 17 милијарди долари