Најмалку две лица загинаа, едно е исчезнато, а осум се повредени во рускиот напад врз градот Днепар во централна Украина, соопштија регионалните власти во четврток.
„Две лица загинаа, а осум се ранети. Едно лице сè уште се води како исчезнато“, напиша регионалниот гувернер Олександр Ганжа на Телеграм откако рускиот воздушен напад рано наутро во четврток предизвика серија пожари во станбена зграда во Днепар.

Индустрискиот град Днепар се наоѓа на повеќе од 100 километри од линијата на фронтот што се протега низ источните и јужните делови на Украина.
Днепар беше цел и на руските напади на 14 април, кога беа убиени четири лица.
Преговорите меѓу Киев и Москва, со посредство на САД, се во застој од почетокот на војната на Блискиот Исток, што го одвлече вниманието на Вашингтон од војната во Украина.

