Набавени 100 нови возила за „Македонска пошта“ вредни околу 2 милиони евра (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Набавени се 100 нови возила за „Македонска пошта“, инвестиција вредна околу два милиони евра, со цел подобрување на ефикасноста и квалитетот на поштенските услуги во државата.

 

 

Набавката ја реализира Владата преку Министерството за транспорт, како дел од поширока стратегија за модернизација на јавните услуги и обновување на институциите.

 

 

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека оваа инвестиција е одговор на долгогодишните проблеми со застарениот возен парк во „Македонска пошта“.

„Ова не е случајна одлука. Ова е одговор на реална потреба. Просечната старост на возилата со кои досега работеше Македонска пошта е околу 15 години“, истакна Мицкоски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски очекува дополнително намалување на цените на горивата

 

 

Тој посочи дека старите возила предизвикувале чести дефекти, зголемени трошоци и намалена ефикасност, што директно влијаело врз доцнење на пратките и незадоволство кај граѓаните.

„Тоа значи доцнење на пратките, незадоволство кај граѓаните и намалена доверба на системот. Ние решивме да ставиме крај на тоа“, нагласи премиерот.

 

 

Со новите возила се очекува побрза, поефикасна и посигурна испорака на пратките до граѓаните и компаниите, како и намалување на трошоците за одржување и зголемување на продуктивноста.

 

 

Според Мицкоски, ова е само почеток на пошироки реформи во рамки на Планот за раст, со кои се предвидува зголемување на ефикасноста и профитабилноста на поштенскиот систем за околу 15 проценти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски очекува дополнително намалување на цените на горивата

„Нашата цел е јасна – да создадеме современа, ефикасна и одржлива институција“, рече Мицкоски, додавајќи дека институциите мора да станат сервис на граѓаните и партнер на бизнисите.

 

 

Тој потенцира дека со постепени инвестиции и модернизација, „Македонска пошта“ треба да се врати како доверлив и функционален систем, подготвен да одговори на современите предизвици, особено во услови на раст на електронската трговија.

 

Никола Ивановски