Ракометарките на Куманово утре го пречекуваат составот на ЖРК Пелистер од Битола во рамки на 21. коло од домашниот шампионат за дами.
Кумановки влегеуваат како апсолутен фаворит во утрешниот меч и се очекува да ја зацврстат 4. позиција во табелата.
Од досега одиграните натпревари кумановки имаат 17 поени кои им го обезбедија четвртото место, додека екипата на Пелистер е последна во табелата со само шест поени.
Утрешниот натпревар се игра во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“ од 19:30 часот, а влезот е слободен.
Никола Ивановски

