Баро: Франција се противи на нападите врз цивилната инфраструктура во Иран

Сподели со своите пријатели

Шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, денес изјави дека Франција се спротивставува на секаков напад врз цивилната инфраструктура во Иран.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе ја нападне таа инфраструктура.

„Ние сме против секаков напад врз цивилната инфраструктура во Иран, бидејќи таквите напади би предизвикале нова фаза на ескалација на конфликтот“, изјави Баро за радиото Франс Инфо.

Трамп се заканува дека ќе нападне цивилни локации и енергетска инфраструктура ако иранскиот режим не го отвори Ормутскиот теснец.

Баро повика на отворање на теснецот, чија блокада ја парализира глобалната економија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп предложи „Трампова дивиденда“: 5.000 долари за возрасни Американци ако републиканците победат на изборите

Трамп му даде рок на Иран до вечерва да постигне договор со САД или ќе ги таргетира електраните, мостовите и другата цивилна инфраструктура.

На 28 февруари, САД и Израел започнаа воздушни напади врз Иран.