Кумановец крадел бакар од деловен обект, приведен и 80-годишник кој го откупил

Сподели со своите пријатели

Триесет и петгодишник бил приведен вчера поради кражба на бакар од деловен објект, како и лицето кое потоа извршило откуп.

– На 06.04.2026 во 08:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И.(35) од Куманово затоа што во деловен објект на улица „Доне Божинов“ во Куманово одзел бакарни предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по добиени сознанија, полициски службеници го лишиле од слобода М.П.(80) од Куманово затоа што вршел откуп напредметите.

– Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ветеранките на „Тумба“ брилираа на Отвореното првенство во тенис (ФОТО)

Никола Ивановски