Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати во која се вклучени повластената стапка на ДДВ од 10% (освен за мазутот) и намалените износи на акцизите за дизелските фракции од 4 ден/лит и од 2 ден/лит за бензинските фракции.

Mалопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На ГП Табановце приведен 47-годишник кој возел без дозвола

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 98,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 95,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,901 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.03.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 51,311 ден/кг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, кај нив пронајдени наркотици

Од 7.4.2026 година од 00:01 часот максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95     83,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98     85,50 (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    98,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 95,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС    51,311 (денари/килограм)

Со денешната одлука малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,41% во однос на одлуката од 30.3.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,084%, кај дизелот за 10,137%, кај екстра лесното масло за 11,369% и кај мазутот зголемувањето е за 2,002%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,2756%.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Володин: ЕУ е во криза поради откажувањето од руската енергија

РКЕ им укажува на нафтените компании да продолжат со постојната пракса и да го вкалкулираат обезбедениот попуст од страна на Владата со главниот добавувач ОКТА и да ги намалат малопродажните цени за 3 ден/лит за дизел и 2 ден/лит за бензините, со што ќе овозможат бенефитот од ова намалување директно да го почувствуваат граѓаните.

Доколку не се продолжеше времетраењето на намаленото ДДВ и не се интервенираше во акцизата, цената на бензините ќе беше повисока за 8,50 ден/лит, а дизелот за 12,00 ден/лит во однос на денешната одлука, односно максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваа:

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС – 95    92,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98   94,00 (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    110,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 107,00 (денари/литар)