Ракометарките на Куманово викендов забележаа пораз во 20. коло од домашниот шампионат, откако беа совладани од Чаир на гостински терен.
Избраничките на тренерот Александар Бојковски од самиот старт покажаа решеност да го добијат овој натпревар, а таа решеност се гледаше и во резултаот.
На полувреме заминаа со два гола предност, односно 12:14.
Вториот дел од средбата домаќинот одлучи да покаже зошто е на втората позиција во табелата и го даде својот максимум со кој направи резултатска предност.
На крајот кумановки ја испуштија шансата за пенал, па домаќинот ја однесе победата со конечни 26:25.
Со по шест погодоци во составот на Куманово најефикасни беа Нена Несторовска и Аманда Стеин.
Во тимот на ЖРК Чаир со осум голови најдобра беше Марија Николовска.
И по овој пораз ЖРК Куманово останува четвртопозиционирана екипа.
Никола Ивановски

