Приведен 50-годишен возач во липковско: Возел без дозвола

Сподели со своите пријатели

Педесетгодишник од Арачиново бил приведен вчера во липковско Никуштак, откако полицијата констатирала дека возел без возачка дозвола.

– На 27.03.2026  на регионален пат во Никуштак, општина Липково, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Б.(50) од село Арачиново, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки  пред да се стекне со право за управување, односно без возачка дозвола.

– По документирање на настанот против него ќе следува кривична пријава за кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило” по член 297-а од Кривичниот законик, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец физички ја нападнал својата сестра, полицијата го привела

Никола Ивановски