Македонија доби двајца нови пилота за гаснење пожари на отворено

Сподели со своите пријатели

Македонија доби двајца нови пилота за гаснење пожари на отворено, откако успешно ја завршија специјализираната преобука во Шпанија за управување со противпожарните авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување.

 

 

Како што информираат од институцијата, пилотите се стекнале со сертификат за оспособеност за летање во сите услови при гаснење пожари на отворен простор. Со нивното враќање во земјава, Дирекцијата за заштита и спасување ќе ја дочека претстојната летна сезона со вкупно пет пилоти кои поседуваат светски признати дозволи за управување со ваков тип авиони.

Станува збор за искусните пилоти Роберт Малезански, пензиониран полковник, и Горан Блажески, кои на почетокот на март беа испратени на тринеделна преобука во европскиот референтен тренинг центар за воздухопловна противпожарна борба „Титан“ во Шпанија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

 

 

Од Дирекцијата нагласуваат дека навремено биле исполнети сите неопходни услови за нивното дообучување, со цел зајакнување на капацитетите за справување со пожари. Новите пилоти ќе управуваат со авионите „ер трактор“ амфибија, кои имаат можност за полнење вода и од езера, што значително ја зголемува ефикасноста при интервенции на терен.