И денес претежно облачно и врнежливо

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во јужните и западните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе има и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец.Минималните температури ќе се движат од 11 до 18 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 17 до 25 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време проследено со врнежи од дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе достигне до 24 степен, а во текот на ноќта истата ќе се спушти до 14 степени целзиусови кога исто така ќе имаме услови за врнежи од дожд.

Во наредните три дена ќе има обилни врнежи од дожд особено во јужните делови на земјава, но кличините на наврнат воден талог ќе бидат во постепено опаѓање.

В недела и в понеделник ќе има намалување на облачноста, но сеуште е можа локална нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а температурата на воздухот ќе биде во пораст.

 

Loading...