Кошаркарите на Куманово денеска против Тиквеш ќе ги одмерат силите со КК Тиквеш од Кавадарци во рамки на домашниот шампионат.
На избраниците на тренерот Марин Докузовски им е прекупоребна победа за да опстанат меѓу најдобрите четири екипи, особено по поразот од ТФТ на домашен терен во петок.
Но, победата им е исто толку важна и на кавадарчани, па во најава е возбудлив натпревар.
Во случај домаќинот да однесе победа ќе го претрка тимот на Куманово во табелата, со оглед дека ги дели само еден бод разлика. Со такво сценарио кумановци би се одалечиле од шансите за евентуално учество во плеј оф завршницата од шампионатот.
Мечот се игра денеска со почеток во 18:30 часот.
Никола Ивановски

