ЖРК Куманово се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија

Сподели со своите пријатели

Ракометарките на Куманово викендов остварија пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија откако го совладаа составот на ЖРК Шампион.

Кумановки на вчерашното гостување, забележаа убедлива победа на вчерашната осминафинална средба со 14:48.

Доминантни уште од стартот беа избраничките на тренерот Александар Бојковски, кои веќе на полувреме имаа предност од 21 поен (8:29).

Вториот дел од средбата кумановки го одиграа опуштено иако не дозволија резултатската предност да се намали.

Со по девет реализирани погодоци во тимот на Куманово најефикасни беа Меланија Јовановска и Мариана Силва Азеведо, додека еден гол помалку постигна Росана Павлова.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува промена на времето. На планините врнежи од снег!

Во домашниот состав со пет голови најдобра беше Катерина Тосевска.

Никола Ивановски