„Сите кои трпат насилство, да се охрабрат и веднаш да пријават во СВР Куманово“

Сподели со своите пријатели

Во организација на Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција на детско престапништво при Општина Куманово, во кружната сала на зградата на поранешниот Комитет се одржа трибина посветена на проблемот со семејното и родово базираното насилство.

Целта на јавната дискусија беше да се разгледаат можностите за подобрување на координацијата меѓу институциите, како и изнаоѓање механизми и решенија за побрзо и поефикасно постапување во случаи на пријавено насилство, со цел подобра заштита на жртвите и соодветно санкционирање на сторителите.

 

 

Темата на трибината ги засега сите граѓани, а особено жртвите на семејно насилство и институциите кои се надлежни за постапување по пријавите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  1.096 кривични дела лани во Куманово, безбедносната состојба стабилна

Од полицијата до граѓаните упатија апел, секој вид семејно насилство веднаш да биде пријавен.

– Од страна на Отсек за превенција од СВР Куманово се упатува апел до сите жени, девојчиња, машки лица, стари лица, кои трпат психичко и физичко насилство, од брачни партнери или членови на семејство, да се охрабрат и веднаш да ги пријават овие кривилни дела во СВР Куманово, за да можат сите Институции брзо и соодветно пружат пимош на жртвите, а насилниците бидат казнети, истакна м-р Лиле Младеновска, началник на Отсекот за превенција.

 

 

Во фокусот на дискусијата беше законската одговорност, начинот на постапување по пријави и казнувањето на сторителите на кривични дела поврзани со семејното и родово базираното насилство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Српски државјанин приведен во Куманово: Ја тепал и се заканувал на својата сопруга

Според извештајот на Полициската станица од Општа надлежност за 2025 година, во текот на 2025 година во Куманово имало 86 кривични дела од областа на земејното насислтво.

– Со соодветен поднесок се реализирани вкупно 86 кривични дела од областа на семејно насилство извршени од страна на 90 сторители од кои:  80 се мажи и 10 се жени. 19 од сторителите биле под дејство на алкохол, 1 под дејство на наркотични дроги и 70 под психичко или друг вид на растројство. Според начин на извршување 70 случаи биле извршени со употреба на физичка сила или закана, 8 случаи со употреба на ладно оружје, 1 случај со огнено оружје и 7 на друг начин, стои во извештајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово игра осминафинале во Купот на Македонија

 

 

На трибата присуствуваа и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, како и членови на Советот, претставници од општинската администрација, од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција.

Присутни беа и претставници од Основното јавно обвинителство Куманово, ЈУМ Центарот за социјални работи – Куманово, како и претставници на граѓански здруженија.

 

Никола Ивановски