Делови од Куманово денеска без струја

Сподели со своите пријатели

Повеќе улици во Куманово денеска привремено ќе бидат без електрично напојување.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Прохор Пчински“, „Партизанска“ и улицата „Димитар Влахов“.

Во истиот период прекини ќе има и на улиците „Панче Пешев“, „Иво Лола Рибар“, како и улицата „Париска комуна“.

Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Сончево и со пролетни температури