Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, изјави дека Унгарија нема да биде вовлечена во војна и оцени дека веќе четири години во Украина беснее „бесмислен конфликт“, кој требаше да заврши со мировни преговори во Истанбул пред две години.
„Никогаш да не дозволиме Унгарија да биде вовлечена во војна е нашата најважна задача“, рече Сијарто по пристигнувањето на двајца Унгарци кои беа насилно регрутирани во украинската армија, заробени во Русија и ослободени по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, објави МТИ.
Двајцата Закарпатски Унгарци беа повторно обединети со своите семејства на меѓународниот аеродром „Лист Ференц“ во Будимпешта.
„Ние Унгарците мора да се залагаме за мир“, рече Сијарто, додавајќи дека Унгарија ќе остане надвор од војната и ќе ги заштити своите граѓани од последиците од војната.
Тој, исто така, нагласи дека владата ќе застане на страната на секој Унгарец кого би сакале да го принудат да стане жртва на конфликтот.
Двајцата мажи пристигнаа во Унгарија со авион во кој беше и Сијарт, по неговите разговори со Путин во Москва.
Ослободувањето беше одобрено од Путин на барање на унгарскиот премиер Виктор Орбан, објави Танјуг.

