Сијарто: Додека Орбан е на власт, Украина нема да влезе во ЕУ

Сподели со своите пријатели

Украина нема да стане членка на Европската Унија сè додека владата на премиерот Виктор Орбан е на власт во Унгарија, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.

Според него, во Брисел се свесни дека евентуалното „соборување на унгарската влада“ би влијаело на ставовите на другите земји-членки.

Сијарто изјави дека, откако Унгарија стави вето на 20-тиот пакет санкции против Русија, „веднаш три европски земји сфатија дека ниту тие не се согласуваат со него“.

Сепак, како што тврди тој, кога Будимпешта не го користи правото на вето, се создава привид на единство меѓу државите на ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Банката на Русија ја тужи ЕУ за замрзнување на нејзините средства

„Ако останеме на власт, нема да се согласиме на целосно бесмислени механизми за финансиска поддршка, ниту ќе дозволиме нашите пари да бидат однесени во Украина. Веруваме дека парите на Унгарците треба да останат во Унгарија… И тие исто така знаат дека, ако останеме, Украина нема да биде членка на ЕУ“, рече Сијарто, објави Спутник.

На крајот на февруари, Унгарија стави вето на 20-от пакет санкции на ЕУ против Русија и доделувањето на воен заем за Украина во износ од 90 милијарди евра.

Како причина беше наведено прекинувањето на транзитот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“ низ територијата на Украина.

Сијарто потоа изјави дека украинската страна одбива да го врати транзитот од политички причини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина ја доби првата транша од 1,5 милијарди долари од ММФ

Словачка, исто така, оцени дека новите санкции на ЕУ би можеле да му наштетат на мировниот процес.