Четириесет и шестгодишник од Куманово ноќва бил приведен по пријава дека физички нападнал вработен во обложувалница.
– На 25.02.2026 во 00:40 полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.М. (46) од Куманово, затоа што во спортска обложувалница на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово физички го нападнал Д.Д. (50) вработен како обезбедување, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

