Димитриевски: Со силна поддршка од Владата, Куманово реализира десетици проекти (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, изјави дека во општината интензивно се реализираат и се подготвуваат бројни проекти, благодарение на значајната финансиска поддршка од Владата и добрата соработка меѓу централната и локалната власт.

– Ја поздравуваме и финансиската поддршка на Владата што со историски износи интервенираше од државниот буџет за директна помош на општините, истакна Димитриевски по денешната средба со министерот за локална самоуправа Златко Перински.

 

 

Тој посочи дека Куманово во изминатиот и тековниот период обезбедило значителен број проекти.

– Ние како што знаете, веќе во 2024 година добивме три проекти, во 2025 година добивме над 27 проекти, рече градоначалникот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривична за кумановец: На интернет препродавал бајонети, сабји и фигура од лав

Според него, во тек се разговори за обезбедување дополнителни средства и за оние проекти што претходно биле спорни.

– Веќе разговараме и за оние проекти коишто беа спорни да се изнајдат дополнителни средства за финансирање на истите, како што е проектот за изградба на првиот мост на територија на Општина Куманово, на локацијата во селото Довезенце на Крива Река“, нагласи Димитриевски.

Дополнително, како што информираше, се разговара и за реализација на нови капитални инвестиции.

– Дополнително разговараме и за детската градинка којашто треба да биде населба Зелен Рид и уште голем број на други проекти, изјави градоначалникот.

Градоначалникот упати апел до граѓаните за разбирање и трпение.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Недозволиво е Груби по 14 месеци бегство да се врати и да заврши во куќен притвор (ВИДЕО)

– Ќе апелирам до граѓаните да имаат трпение бидејќи локалната власт во соработка со централната власт е соочена со решавање на големите наталожени децениски комунални и инфраструктурни проблеми и во Општина Куманово и во целата држава, порача Димитриевски.

Тој оцени дека само преку координирана работа може да се надминат долгогодишните проблеми.

Никола Ивановски