Кралот Чарлс III се огласи по апсењето на неговиот брат Ендру

Сподели со своите пријатели

„Со најдлабока загриженост ја примив веста за Ендру Маунтбатен-Виндзор и за сомневањата за злоупотреба на јавната функција“, рече британскиот крал Чарлс Трети во изјавата откако поранешниот британски принц Ендрју беше уапсен денеска.

Сега следува, додаде кралот, целосна, правична и правилна постапка, која на соодветен начин и од надлежните органи ќе го истражи ова прашање.

„Во ова, како што веќе реков, тие ја имаат нашата целосна и искрена поддршка и соработка. Дозволете ми да бидам јасен: законот мора да го следи својот тек“, рече кралот, пренесе Би-би-си.

Додека овој процес продолжува, додаде тој, не би било соодветно да коментирам повеќе за ова прашање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Падот на принцот кој мислеше дека е недопирлив: Како миленикот на кралицата заврши со лисици?

„Во меѓувреме, јас и моето семејство ќе продолжиме да ја извршуваме нашата должност и да ви служиме на сите вас“, објави кралот Чарлс Трети.