МЗТ Скопје е втор полуфиналист од Купот на Македонија

Сподели со своите пријатели

Екипата на МЗТЗ Скопје Аеродром, која го брани Куп-трофејот, е вториот учесник на полуфиналето од финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски“ во Куманово.

Во вториот четвртфинален меч, беа доста подобри од својот голем ривал, Работнички.

По изедначениот прв период, во кој бранителот на титулата оствари минимална предност (25:24), во воведните две минути од втората четвртина, МЗТ Скопје Аеродром направи серија до (9-2), со која се одвои на солидни (34:26).

Уште повисока беше позитивата за „сино-белите“ во средишниот дел од втората четвртина (42:31). На колективната распределба на поените на екипата од Аеродром на другата страна одговараше Ефремовски, кој реализираше 15.поени во тој дел од вториот четвртфинален натпревар од финалниот турнир во Куманово. Следен од Рикиќ, кој дојде до бројката од 11.поени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТФТ го совлада Феникс во првиот меч од Купот на Македонија (ГАЛЕРИЈА)

Имаа „сино-белите“ и плус 14 (50:36), момент од 19.минута. А првото полувреме заврши со нешто пониски (52:41).

Деветмина кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром се најдоа на листата на стрелците, десет поени имаше МекКејден.

Во продолжението на натпреварот, доста поизедначена игра. Екипата на МЗТ Скопје Аеродром имаше контрола над играта и над резултатот, по три одиграни период, го задржа и водството кое го имаа по 20.минути од играта (71:60).

Во победничката екипа,Смит Мексвејн реализираше 17.поени, Мек Кејден застана на ефект од 14.поени, дополнети со шест скока, и три асистенции. и а Крстевски постигна 11, а Петков 10. поени.

Ефремовски и Рикиќ искомбинираа најголем дел од поените за Работнички, вкупно 44.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТФТ го совлада Феникс во првиот меч од Купот на Македонија (ГАЛЕРИЈА)

Во полуфиналето, кое е на програмата утре попладне, од 17.часот, МЗТ Скопје Аеродром ќе се сретне со победникот од дуелот кој следува, а во кој се среќаваат екипите на Кожув и Маџари.