Триесет и шестгодишник од Куманово ноќва бил приведен поради закани со нож кон обезбедување во казино.
– На 05.02.2026 во 01:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.С. (36) од Куманово, затоа што во казино во Куманово со остар предмет се заканувал кон И.Н. (37), вработен како физичко обезбедување, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, М.С. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски

