Три локации во Куманово денеска привремено ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во период од 08:15 до 16:30 часот без напојување со електрична енергија денеска ќе бидат корисниците од населбата Јане Сандански, односно Бабин Дол.
Од 08:30 до 15:00 часот прекини ќе има на две локации во населбата Карпош, односно во месноста Мајорово Трло и во близина на ресторанот „Хавана“.
Никола Ивановски

