Триесет и петгодишен кумановец бил приведен вчеравечер откако под дејство на алкохол удрил во три паркирани возила.
– На 27.01.2026 во 21:00 часот во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ј. (35) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни рабти.
Претходно, како што додаваат од полицијата, во 20:20 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово М.Ј. управувајќи возило „пежо“ удрил во три паркирани возила.
По извршени проверки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,74 промили алкохол во крвта.
– По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”, стои во соопштението.
Никола Ивановски

