Неделна прогноза за Куманово: За денеска портокалов метео аларм!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Наместа, особено во централните и источните делови, врнежите ќе бидат пообилни (над 30л/м2) проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Поради опасност од обилни врнежи УХМР издаде жолт и портокалов метео аларм за одредени делови од државата.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу три степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 10 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски ги повика граѓаните со свои идеи да учествуваат во креирањето на буџетот за 2027 година

УХМР за регионот на Куманово за денеска издаде портокалов метео аларм поради опасност од обилен дожд.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо време со периоди на сонце, но и услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени под нулата, а дневниот максимум ќе достигне 7 степени целзиусови. Портокаловото предупредување за опасност од дожд останува на сила и утре.

Среда носи претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 4 до максимални 10 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По продолжениот викенд, се менува часовникот

Во четврток повторно ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од запад и југозапад. Утринската температура ќе се движи околу 4 степени, додека максималната ќе се искачи до 8 степени целзиусови.

 

 

Петок носи облачно време со кратки сончеви периоди и слаб до умерен источен и североисточен ветер. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 1 степен, а максималната дневна се очекува да се искачи до 12 степени целзиусови. Ноќта кон сабота повторно се очекуваат врнежи од дожд.

Сончево време со кратки сончеви периоди ќе имаме во сабота. Ќе дува слаб до умерен северен и северозападен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 1 до максимални 12 степени целзиусови. Ноќта кон недела повторно ќе има услови за дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Засадено пред неколку дена, веќе украдено цвеќето од плоштадот во Куманово (ФОТО)

Недела носи облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Температурата ќе се движи од минимални 2 до максимални 10 степени целзиусови.

 

 

Променливо време ќе се задржи и следната работна недела, но со пораст на температурите.

Никола Ивановски