Франција започнува кампања за регрутирање за воена служба

Сподели со своите пријатели

Француската влада и воената команда денес започнуваат кампања за регрутирање на неколку илјади млади луѓе за нова, платена, десетмесечна национална воена служба, објавија француските медиуми.

Оваа иницијатива ја објави во ноември 2025 година францускиот претседател Емануел Макрон со цел да се задоволат потребите на вооружените сили во услови на зголемен ризик од конфликт, објавува весникот „Фигаро“.

Кога го објави овој проект на 27 ноември, Макрон прецизираше дека новата национална служба ќе биде воена, а регрутите ќе служат исклучиво на француска почва.

Армијата планира да започне со избор на регрути овој месец, кои ќе започнат со едномесечна обука, по што ќе следат девет месеци служба во армијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина се спротивставува на „странското мешање“ во Иран, повика на мир

Поради буџетските ограничувања, програмата ќе се спроведува постепено: првата година ќе опфати 3.000 млади луѓе, со цел од 10.000 годишно до 2030 година и можни 42.500 регрути до 2035 година.

Осумдесет проценти од волонтерите ќе бидат млади мажи и жени на возраст од 18 до 19 години, идни војници за кои воената служба ќе претставува година пауза пред високото образование и ќе бидат оценувани во процесот на аплицирање на универзитет.

Другите регрути ќе бидат на возраст до 25 години и ќе бидат избрани врз основа на професионална специјализација (инженери, медицински сестри, преведувачи итн.).

Волонтерската служба ќе биде платена најмалку 800 евра месечно за секој волонтер, на кого ќе му биде обезбеден и сместување, храна и опрема, објави Елисејската палата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Екстремен студ во Европа: Туристи заглавени во Финска, затворени училиштата во Германија