Голем број деца со своите родители утре ќе учествуваат во најмасовното одбележување на Бадник во Куманово.
Долгата бадникова поворка ќе започне во 10:10 часот од кај паркот Соколана и ќе продефилира низ улиците во градот, по што ќе заврши на градскиот плоштад каде ќе има пригодна културна програма.
Подоготовките за овој настан траат подолг временски период, а ова ќе биде 11ти пат да се организира манифестацијата.
Покрај во Куманово, поворка годинава ќе се одржи и во селото Пчиња, каде околу 80 дечиња ќе бидат дел од манифестацијата.
Организаторите велат дека иако пожелно, не е задолжително децата да се пријават за учество. Добредојден е секој, во духот на христијанството, заедно да го одбележиме Бадник.
Никола Ивановски

