Неделна прогноза за Куманово: Дождливи денови пред нас

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 7 степени, а максималните од 15 до 19 степени целзиусови.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 8 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 17 степени целзиусови.

Во текот на ноќта се очекуваат услови за повремен дожд.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 5 степени, а дневниот максимум ќе достигне 11 степени целзиусови.

И во среда ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозапден правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 9 до максимални 12 степени целзиусови.

Во четврток ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 10 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 17 степени целзиусови.

 

 

Претежно облачно време со кратки сончеви периоди ќе имаме во петок. Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 17 степени целзиусови.

Сабота носи облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од југ. Минималната температура ќе се движи околу 8 степени, а максимумот ќе достигне до 18 степени целзиусови.

И во недела ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, а температурата ќе се движи меѓу минимални 5 и максимални 15 степени целзиусови.

 

 

Променливо време ќе се задржи и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски