САД ја информираа Романија дека го намалуваат бројот на војници на источното крило на НАТО

Сподели со своите пријатели

Романија и сојузниците во НАТО се информирани за плановите на САД да го намалат бројот на војници на источното крило на Европа, вклучително и војниците кои треба да бидат стационирани во воздухопловната база Михаил Когалничану, соопшти денеска романското Министерство за одбрана.

Одлуката била очекувана, според Ројтерс, со оглед на промените во приоритетите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Исто така, беше наведено дека околу 1.000 американски војници се очекува да продолжат да бидат стационирани во Романија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шесткатница се урна во Турција, седум лица под урнатините