Осум лица уапсени во Полска под сомнение за саботажа

Сподели со своите пријатели

Полската агенција за внатрешна безбедност приведе осум лица осомничени за подготовка на саботажа, објави полскиот премиер Доналд Туск.

„Агенцијата за внатрешна безбедност и други служби приведоа осум лица во различни делови на Полска во последните денови“, напиша Туск, објави Полското радио 24.

Тој изјави дека се во тек понатамошни оперативни активности.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Напаѓачот на Фицo осуден на 21 година затвор, обвинет за тероризам