Шефот на ОН ги повикува сите страни целосно да го почитуваат договорот за Газа

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го поздрави договорот меѓу Израел и Хамас за првата фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, истовремено повикувајќи ги сите вклучени страни „целосно да ги почитуваат одредбите“.

„Сите заложници мора да бидат ослободени на достоинствен начин. Мора да се постигне траен договор за прекин на огнот. Борбите мора да престанат еднаш засекогаш. Страдањето мора да престане“, рече тој во соопштението.

Тој нагласи дека ОН е подготвена да „зголеми обезбедувањето одржлива и принципиелна хуманитарна помош“ и да учествува во обновата на опустошената палестинска територија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Светот слави: „Историски чекор кон крај на војната во Газа“ (ВИДЕО)

Трамп претходно објави дека Израел и Хамас се согласиле со првата фаза од договорот за Газа предложен од САД.