Хитлеровиот подземен град во Полска: Го граделе 13.000 затвореници, а никој не ја знае неговата намена (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Длабоко под површината на планините Аул во Долна Шлезија, југозападна Полска, се наоѓа еден од најмистериозните нацистички објекти од Втората светска војна.

 

 

Неговата вистинска намена никогаш не е потврдена, а огромната мрежа од подземни тунели и структури, делумно неистражени, сè уште ги поттикнуваат теориите за злокобните планови на Третиот рајх.

Нацистите го започнале Проектот Ризе (што на германски значи „џин“) на врвот на војната, во текот на 1943 година, кога илјадници затвореници (се споменува бројка од 13.000) биле донесени од концентрациониот логор Грос-Розен.

Тие работеле во пеколни услови, а се проценува дека околу 5.000 луѓе загинале градејќи ги споменатите тунели, од Евреи, Полјаци до воени заробеници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали кучињата навистина можат да намирисаат лош човек? (ВИДЕО)

Комплексот никогаш не бил завршен, но сепак е огромен. Се состои од седум подземни комплекси кои се меѓусебно поврзани со разгранета мрежа од тунели, во област која станала дел од Полска по војната.

Најразвиениот дел е Осовка, каде што тунелите се долги 1,8 километри, со постоење на железничка линија, огромни генератори на електрична енергија, сала висока 10 метри и лифт кој требало да води дури 16 ката под земја!

Локалниот водич Здислав Лажановски верува дека „подземниот град“ можеби бил наменет како седиште на Хитлер и Врховната команда, објавува The Sun.

Сепак, како што се приближувале сојузниците, плановите на нацистите се промениле – тунелите биле користени за производство на оружје, вклучително и за развој на ракети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мажите со подлабок глас имаат поголема веројатност да изневерат во врска, тврдат истражувањата (ВИДЕО)

Но, ниту една од локациите не била завршено, а според документите пронајдени во Прага, била потребна барем уште една година напорна работа за да се заврши проектот.

До денес се истражени околу осум и пол километри тунели, а многу делови остануваат закопани под стотици тони камења.

Покрај претпоставките дека проектот Ризе го претставувал седиштето на Врховната команда, постојат шпекулации дека познатиот нацистички златен воз, па дури и Килибарната соба – исчезнатиот бисер на Русија – биле скриени во подземните ходници.

Црвената армија ја окупирала Долна Шлезија на почетокот на мај 1945 година, денот откако нацистите го прекинале проектот.

Сојузниците не го користеле подземниот комплекс, но била однесена многу опрема – од дупчалки до генератори. Денес, мистериозниот комплекс е туристичка атракција и трагичен споменик на жртвите на Третиот рајх.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Годишно овде има над 4.000 убиства. Ова се најопасните градови во светот (ВИДЕО)