Во селото Пчиња утре во период од 11 до 16 часот ќе се одржи традиционалниот Саем за автохтони сорти везенка.
Станува збор за саем кој е посветен на зачувување и промоција на автохтоните сорти, а со цел потсетување на културното и природно наследство и нивно пренесување на идните генерации.
Посетителите е можат да откријат разновидни локални сорти, земјоделски производи и ракотворби подготвени со љубов од производителите. Да се запознаат со вкусот на поднебјето преку јадења и пијалаци подготвени според старинските рецепти.
Воедно ќе се одржат и работилници и предавања на кои посетителите ќе можат да научат повеќе за важноста на зачувувањето на автохтоните сорти и придобвиките од локалното земјоделство.
Меѓу другото пет вредни домаќинки од селото Пчиња , оваа година решија со тимот на хуманитарното здружение ЛСЛ да подготват зимница и разни производи по стари домашни рецепти.
Овие производи ќе бидат изложени на саемот, а целокупниот приход ќе оди за помош на социјално ранливи семејства.
Организатор на саемот е здружението „Еко Пчиња“.
Никола Ивановски