Земјотрес со магнитуда од 6,1 степен по Рихтер ја погоди Камчатка

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со магнитуда од 6,1 степен по Рихтер ги погоди водите покрај источниот брег на Камчатка, се вели во соопштението на Федералниот истражувачки центар на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките.

Земјотресот е регистриран во 0,07 часот по московско време, а се случил на 98 километри од Петропавловск-Камчатски, а неговиот епицентар се наоѓал на длабочина од 48,1 километар, пренесува РИА Новости.

Не е издадена закана од цунами.

На 30 јули, Камчатка го доживеа најсилниот земјотрес од 1952 година, со магнитуда од 8,8 степени по Рихтер.

Оттогаш, научниците секојдневно бележат последователни потреси, според агенцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Четиричлено семејство загина во руски напад врз Суми