Утре крводарителска акција во Црвен крст Куманово

Сподели со своите пријатели

Во организација на Црвениот крст, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и риболовното друштво „МАК-ДАМ“ утре во Куманово ќе се одржи крводарителска акција.

Акцијата ќе трае од 10 до 15 часот во просториите на локалната организација на Црвениот крст.

Организаторите очекуваат одѕивот на граѓаните да овозможи доволни резерви на крв за пациентите на кои таа им е најпотребна.

Според медицинските експерти, едно дарување крв може да спаси дури три човечки животи.

„Дарувањето крв е најголемиот чин на солидарност. Ги охрабруваме граѓаните да одвојат малку време и да помогнат на оние што имаат најголема потреба“, порачаа од Црвениот крст Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Куманово мора да биде нов регионален центар и движечка економска сила (ВИДЕО)

Со оваа иницијатива, Куманово повторно го покажува својот хуман дух и традицијата на граѓанска солидарност.

Никола Ивановски